Како полесно да се опоравите после царски рез

0

Иако постојат мајки кои брзо и едноставно се опоравиле од царски рез, реалноста е дека периодот кој следи после тоа е многу тежок.
Постојат неколку едноставни начини да се чувствувате подобро и да имате доволно сила да примате честитки и да уживате заедно со своето дете а притоа да не мора да земате тешки лекови.

Ова се 5 работи кои можете да ги превземете за да си олесните.

Перници
После царскиот рез жените сфаќаат колку се важни абдоминалните мускули во секојдневието. Држењето перница на местото на резот ќе ги ублажи болките во постоперативните денови, а препорачливо е спиење на поголем број на перници за да ви биде полесно станувањето наутро.

carski rez 2

Споро возење со автомобил
На мајките кои се во брзо време породени со царски рез, докторите им забрануваат во наредните две недели да управуваат со автомобил. А важно е личноста која ве вози со автомобил, да вози полека, да не кочи нагло и да не забрзува нагло, бидејќи секоја таква нагла промена предизвикува болки кај ново породената мајка.

Шетање
Да се оди во рок од 24 часа откако ќе биде извршен царскиот рез, за многу мајки е невозможна мисија. Меѓутоа експертите препорачуваат што побрзо да се стане од кревет, бидејќи опоравувањето ќе биде брзо колку што и мајката ќе успее да се подигне од кревет. Шетањето во период од 24 часа од пораѓањето ќе помогне во работата со цревата, ќе спречи згрутчување на крвта и ќе ја подобри вашата општа здравствена состојба.

Скалите се забранети
Еден од најкорисните совети е да не се качувате и симнувате по скалите пречесто. Доколку живеете во дом на катови, тогаш погрижете се да имате се што ви е потребно за вас и вашето бебе на катот на кои што сте. Докторите велат дека движењето по скали мора да биде ограничено првите неколку денови по пораѓањето со царски рез.

Билни влакна
Начинот на исхраната игра огромна улога во ублажување на болките после ваков оперативен зафат. Се препорачува конзумирање на храна која содржи билни влакна-зелен зеленчук, житарици, овошје и слично.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.