Како почнала да се искривува кулата во Пиза?

0

Кога и да го посетите италијанскиот град Пиза, неизбежно е да налетате на многу туристи кои прават разни фотографии со кривата кула која се наоѓа таму.

Најинтересни се оние фотографии каде ќе видите како некој се „потпира“ на кулата, ја „бутка“ и многу други. Па така кривата кула во Пиза е една од најпознатите градби ширум светот. Но причината за нејзиното искривување и не би им се допаднала на нејзините градители.

Во 1173 година започнала изградбата на оваа кула која требало да биде еден вид на камбана за катедралскиот комплекс во Пиза, во италијанската покраина Тоскана. По пет години, откако бил завршен третиот од осумте планирани катови, темелот на кулата, кој бил сочинет од песок, глина и школки, започнал нерамномерно да се клати и истиот полека да се искривува. Непосредно по тоа несакано искривување на кулата, се случила и војна помеѓу Пиза и Џенова, со што изградбата на кулата се одложила за еден век. Овој временски период е виновен за тоа да оваа кула го зацврсти својот темел, и никогаш не се сруши.

Со продолжувањето на изградбата на оваа кула, главниот инжињер Џовани Ди Симоне, се обидел да го спречи искривувањето на кулата, со додавање на се повеќе градежнички материјали врз оваа градба. Тежината со која ја се здобила оваа кула била виновна уште повеќе да се искриви така што градбата е официјално завршена околу 1370 година.

Кривењето на кулата не престанало во наредните шест векови и станува заштитен знак на оваа градба. Разни архитекти низ времето се обиделе да го спречат искривувањето, но никој не успеал во тоа што довело до 1,30 милиметри годишно искривување на истата и опасност да се сруши. Во 1990 година овој споменик бил искривен дури 4 метра од нормалната линија што доведува до затворање на сите посети од страна на туристите и било какво приближување околу градбата, со што многу архитекти и инжињери започнуваат со вложување на секаков труд и материјал, само со една цел, да ја зачуваат оваа градба и да ги зацврстат темелите.

По повеќе обиди, со додавање на против тегови во северниот дел на кулата во 2001 година се случило повторно отварање и пристап за луѓето. Искривувањето е драстично намалено, додека веќе во 2008та година со сензори е потврдено од страна на стручњаци во областа на архитектурата дека искривувањето на кулата целосно е стопирано.

Истите тие архитекти тврдат дека кривата кула во Пиза ќе остане во истата положба наредните 200 години.

Единствено нешто што може тоа да ја спречи и да ја наруши стабилноста на оваа градба е некоја непосакувана катастрофа, како на пример силен земјотрес. Се до тогаш кулата е безбедна за сите оние кои што сакаат да ја посетат!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот