Како паметно да ги користиме парите?

0

Сите го обожаваме шопингот и едвај ја чекаме платата. Парите тешко се заработуваат, но за жал многу лесно се трошат. Тие за трошење и служат, меѓутоа потребно е да се запрашаме, дали навистина ни се потребни сите оние работи кои штотуку ги изнакупивме? Правилното менаџирање на нашите финансиски средства би ни било од голема корист. Еве неколку начини на паметно користење на парите и начини на кои можете да заштедите:

Навремено плаќање на сметките

Секогаш е добро да се практикува ова, бидејќи доколку во предвидениот рок не ги намирите сметките за струја, вода, телефон, итн, ризикувате на нивниот износ да добиете камати и казни кои секако ќе морате да ги платите.

Избегнувајте ги трговските центри кога Ви е досадно

Доколку времето е лошо и немате што да правите, подобро е да прочитате некоја книга, да ги поканите пријателите кај Вас дома на пијалок, да гледате филм, тв серија или слушате музика наместо поради досада да отидете на шопинг и додатно да трошите.

Искористете купони за попуст и споредете ги цените

Кога во некој магазин или весник ќе наидете на купон за попуст, не го фрлајте. Тие постојат за да можете да заштедите.

Немојте да Ве мрзи да прошетате низ соседството и да проверите кој супермаркет или пекара се најефтини.

Менување на возачките навики

Неморате секаде да одите со автомобил, можете да заштедите на гориво и паркинг. Преиспитајте ги и цените на горивата, можеби ќе најдете некое соодветно, а поефтино од она што го користите.
Секако е потребно да возите внимателно поради Вашата и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, но и поради големите казни доколку не ги почитувате правилата.

Прекинете со пушење цигари

Изгледа малку тешко, но тоа поволно ќе се одрази на Вашето здравје, а и на буџетот во подолг рок.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот