Како Оливија Палермо ги комбинира белите парчиња облека?

0

Бојата која доминира секое лето е белата боја. Таа внесува свежина во дневните лежерни комбинации и шарм за вечерните прилики. Таа е боја која најмалку ги привлекува сончевите зраци и ни дава шана да се чувствуваме шик, пријатно и опуштено.

Белите парчиња нека бидат од памучен или свиленкаст материјал, никако синтетички. Одберете класичен или разигран крој. Додадете ѓердан, романтична разбушавена пунџа, римјанки или бели патики за дневните комбинации, потпетици во впечатлива боја за вечерните…

Доколку сте во дилема како ова лето да ја носите белата боја, популарната Оливија Палермо го има одговорот. Според Палермо, белите парчиња можете да ги носите секаде од свечена прилика,  викенд излегување, па дури и на плажа.

Обичниот бел фустан може да стане ефектен за вечерни излегувања доколку додадете впечатливи модни додатоци, како на пример, ѓердани…

'Red 2' Premiere - Arrivals

Здолниште и блуза во бела која се одлична комбинација за топлите летни денови. Двете парчиња нека бидат од сличен материјал. Доколку едното парче е со тантела или вез, другото нека биде едноставно, баш како оваа комбинација на Оливија Палермо.

Olivia Palermo Takes A Romantic Walk With Her Beau Johannes Huebl

Бел фустан може да носите и на плажа… Одберете модел со голи раменици за да бидете ултра тренди. Комбинирајте го со апостолки, сламени торби, шешир или марама за глава.

Olivia Palermo And Her Boyfriend Vacation In Mykonos

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот