Како настанала кошарката?

0

Старите народи на Централна Америка, Маите, Инките и Ацтеките, религиозните церемонии во чест на богот на Сонцето ги облежувале со игри со топка.
Со ископувањата на полуостровот Јукатан во древниот град на Маите, во замокот наречен “Илјада Столбовите “, пронајдено е игралиште за игра со топка.
Игрите со топка биле многу популарни кај Маите, подоцна со ископување и истражување на старите градови се откриваат игралишта за игра со топка кои Маите ги нарекувале „покта покта“.
Во племето на Инките оваа игра се нарекувала „оламалицли“, а кај Ацтеките „тлач- тли“.

Овие игри имале многу мала сличност со современата кошарка. Единствено нешто што ги поврзувало би можело да се каже дека е погодување на целта- кош. Во тоа време гумената топка со тежина од три килограми , требало да се фрли во камен обрач кој бил вертикално поставен, доста високо на камен ѕид .

Модерна кошарка

Податоците од археолошките истражувања велат дека по неколку неуспешни обиди овој спорт е измислен од страна на канадскиот професор James Naismith (1861- 1939) година, кој бил учител по физичка култура и спортски активности на факултетот Springfield – во намерата на својот рагби тим да му овозможи тренинг во салата за време на зимскиот период.

povijest-kosarke
Поминувајќи низ многу модификации на рагбито, професорот на крај се одлучил за сосема нова игра- дофрлање со топката во кош. Во почетокот кошот бил поставен на подот во салата, а во играта учествувале голем број на играчи. Тие топката ја носеле, фрлале или додавале, настојувајќи да го погодат кошот. Топката на почетокот имала иста форма како и онаа за рагби. Ваквиот начин на игра создавал голема брканица на теренот, затоа подоцна бројот на играчи бил намален.

Јајцевидната топка била заменета за округла, носењето на топката забрането, а наместо тоа било воведно „водење“ на топката под една рака.
Со ова, играта станала позабавна, но се уште не толку привлечна за другите- било тешко да се постигне кош, бидејќи димензиите на кошот биле премногу мали, а на играчи лесно можело некој да им попречи. Играта била и груба, бидејќи играчите не можеле лесно да се ослободат од навиките кои ги стекнале играјќи рагби.

Во понатамошниот развој на кошарката, кошот бил подигнат горе и прицврстен на оградата на балконот на салата. Со тоа, постигнувањето на кош станало полесно, иако технички станало посложено. Играта станата позабавна и за публиката која можела да ги прати резултатите. Бидејќи публиката седела на балконот, понекогаш кошот бил прчина за топката да падне таму, со тоа на кошот е поставена заштитна плоча. Играчите веднаш забележале дека топката сега може да се одбива од плочата, што донело нешто ново во техниката на овој спорт.

Кошарката постојано се усовршувала, а сето тоа станувало многу забавно како за публиката така и за играчите.
Така во 1891 година професорот Naismith со своите играчи пред публиката демонстрира нова игра на факултетот во Springfield која го добива името Basketball.

History-of-Basketball

Оттoгаш кошарката станува популарен спорт и се шири со брзина на светлината, а првиот натпревар е одржан помеѓу екипи од различни универзитети во 1892 година.
Во 1897- та година се одржува натпреварување за првенство во Америка во организација на AAU- Amateur Athletic Union.
Уште на почетокот овој спорт бил игран и од женски екипи и тоа само на универзитетите. Сепак кон крајот на векот кошарката за американските жени станува најпопуларната спортска игра.

Меѓународниот кошаркарски аметрски совет FIBA (Federation Internationale de Basketball Amateur) е основан 18- ти јуни 1932- та година во Женева, а советот бил единствен кои ги поставил правилата за игра и превземал контрола над организација на службените меѓународни натрепвари.

Постепено овој спорт започнал да се шири во Америка, Бразил, Кина, Филипините, Австралија, потоа во Европа и во светот.
Во 1934- та година кошарката официјално влегува и како спорт на Олимписките игри.

Monroeville Cubs
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар