Како настанал нашиот омилен десерт?

0

Според тоа колку сладолед  се извезува од САД, а тоа е повеќе од 2.000.000.000 литри годишно, во прв момент ќе помислите дека таа земја е татковината на сладоледот. Меѓутоа, сладоледот за прв пат е направен некаде на истокот. Славниот летачки истражувач Марко Поло во своите патувања забележал дека луѓето кои живеат на овие простори, јадат сладок ладен десерт и таа идеја ја донел со себе во Италија, а потоа од Италија е пренесена во Франција. Во Франција наскоро сладоледот станал омилен помеѓу племството и рецептите за правање сладолед се биле чувани во тајност за да не ги дознае обичниот народ. Но, се разбира наскоро сите дознале колку е сладок вкусот на сладоледот и истото почнал да се прави во различни делови во светот.

13081805_1183540285012026_1326857842_n

Првата фабрика за правење на сладолед е основана во Америка во 1851година. Меѓутоа, првото вистинско производство стартувало во 1900-тата година кога се усовршени и нови системи за ладење.

Основните состојки кои се употребуваат за да се подготви сладолед се: павлака, млеко, шеќер и понекогаш и јајца. За подобрување на вкусот се додава ванила, чоколада, лешници, овошје и сл.

Со цел да се подготви сладолед кој ќе биде хомоген потребно е да се внимава на соодносот на состојките на истиот. Па така, сладоледот би требало да содржи 80-85% павлака и млечни производи, 15% шеќер, 0,5% до 4,5% мириси и о.3% средство против расипување.

Последните материјали се употребуваат за сладоледот да не се расипе, да не фати мраз и да остане во иста состојба од денот на неговото производство. Обично за ваква намена се користи желатин за јадење.

Дали знаете?

Кога ќе изедете 1/6 литри сладолед од ванила, сте земале скоро исто толку калциум, белковини и витамин Б, колку што содржи половина чаша чисто млеко, а витамин А и калории, како да сте испиле полна чаша млеко.

Подготвени сте за еден вкусен сладолед?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.