Како настанал фудбалот?

0

Најважната споредна работа на светот има корени уште во античко време. Најраните податоци за игри со топка се забаежани околу 200 год. пр. н.е. во Кина, каде што постоела игра слична на денешниот фудбал. Кинезите таа игра ја нарекувале Цу чу, а целта била да се издрибла противникот со кожна топка и истата да се внеси низ отвор широк околу 40 см.

Старите Грци и старите Римјани исто така играле игри со топка и во некои од тие игри се употребувале нозе. Римскиот писател Кикерон опишал еден случај на човек кој бил убиен додека го бричеле кога топка удрила во берберницата. Се смета дека оваа игра била слична на денешното рагби.

13023435_10209821619403631_2045623232_n

Модерниот  фудбал настанал во Англија во тринаесеттиот век. Првите организирани натпревари биле масовни конфронтации помеѓу тимови составени од жители на два или три градови. Кралот Едвард III ја забранил оваа игра во 1365 год. поради нејзиниот насилен карактер, но и поради тоа што играта на војниците им одземала време од вежбите за стрелаштво. Сепак, играта била популарна и понатаму се ширела. Околу 1801 год. фудбалските правила биле усовршени, тимовите морале да имаат ист број на играчи, а фудбалскиот терен не смеел да биде подолг од 70,9 м. Самата игра била нешто измеѓу рагби и фудбал и играта била груба. Во наредните години правилата на играта се менувале сè додека не дошло до конечно разграничување на овие два спорта и основањето на првиот фудбалски сојуз на 26 октомври 1863 год. Осум години подоцна, во 1871 год. и рагбито добива свој сојуз и почнува да се развива независно.

Сегашното правило за 11 играчи формално било донесено 1870 год. и вообичаено било да се игра со 9 офанзинвни и 2 дефанзивни играчи. Голманот бил воведен во околу 1880 год., како еднинствен играч кој смее да игра со раце.

12992388_10209821619483633_1171812169_n

Првот фудбалски клуб Шефилд, кој и денес е активен и се смета за најстар фудбалски клуб на светот, бил формиран 1857 год. во Шефилд, Велика Британија. По овој, биле формирани и други фудбалски сојузи, помали и поголеми, во Англија. Овие случувања биле претходница на основањето на фудбалскиот сојуз на 26 октомври 1863 год. кога во Лондон се собрале претставниците на 11 најголеми фудбалски клубови и го формирале првиот фудбалскиот сојуз. Името на сојузот било Football Association (Фудбалска асоцијација), а сите тимови кои ги почитувале нивните правила биле наречени тимови на асоцијацијата или во кратка форма “assoc”. Поради тоа и денес фудбалот во некои делови на Велика Британија и Северна Америка се нарекува “soccer”.

Фудбалот во следните години се ширел и надвор од Англија, на европскиот континент, а потоа и пошироко. Постепено биле формирани повеќе национални сојузи, а во 1904 год. формирана е и светската фудбалска федерација ФИФА. Формирањето на оваа федерација овозможило одржување на меѓународни натпревари и првиот меѓународен натпревар бил одигран меѓу Англија и Шкотска во 1872 год.

Прв натпревар со натпреварувачки карактер, или Светско првенство, било одржано во 1930 год. во Уругвај. Домашниот тим ја победил Аргентина во финалето со 4:2. На ова светско првенство учествувале 13 нации.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.