Како Мис Пиги стана икона на стилот

0

Шоуто на Мапетите е една од оние серии со кои пораснавме. Прво беше анимирана серија, Muppet babies кога тие беа бебиња. Им ги следевме авантурите и згодите и незгодите кои им се случуваат во нивниот свет на фантазија.

13988775_10210782250220191_1053379579_n

Секогаш се прашувавме како изгледа дадилката на на која не успеавме да и го видиме лицето.

img178__1470922539_77.28.155.45

 

После многу години, Мапетите пораснаа, а и ние со нив.  Тие имаа свое возрасно шоу каде постојано гостин им беа познати лица од светот на шоу бизнисот, а ние со нетрпение ги очекувавме и ги гледавме.

13942565_10210782250180190_497234554_n

Од целата забавна дружина на Мапетите, љубовта меѓу Пиги и Кермит која траеше од 1978 до 2015 година секогаш беше во центарот на случувањата. Пиги беше девојчето кога беа мали, а стана вистинска дама со стил кога порасна.

14011875_10210782308781655_2074989318_n

Карактеристични беа француските зборови и карате потезите кои ги употребуваше. Карактерот на Мис Пиги го играше Френк Оз од 1976 до 2000 година, а од 2001 задачата ја презеде Ерик Јакобсон.

Иако нејзината улога на почетокот на серијата беше минорна, таа со текот на годините стана централна фигура во ова шоу. Сценаристите следејќи го пулсот на публиката и нејзината наклонетост кон Пиги, решија се повеќе да ја зголемуваат присутноста.

13989598_10210782308901658_1842942055_n

Во 1996 година TV Guide ја рангираше на 23 место на Листат на Најголеми тв ѕвезди на сите времиња.

14009821_10210782308861657_536003243_n

Таа остана да биде еден од најинтересните ликови кои некогаш биле создадени и сакале ние да признаеме или не, претставник на стилот кој сите го обожаваа – Мис Пиги.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот