Како мириса домот?

0

Да изградиш куќа или да купиш стан е многу едноставно, треба само да имаш доволно пари. Но, да создедеш дом е цела една наука.

Домот треба да е спокоен, да е местенце каде ќе го наоѓаме мирот во нас и околу нас после напорниот ден исполнет со проблеми, ситни расправии, сообраќаен хаос, намуртени шофери, исфрустрирани работнички на шалтер, уморни старци кои имаат комнетар за секого…

kako mirisa domot

Домот е место кое треба да нè потсети колку сме среќни што го имаме. Што си имаме островче сред немирното море на егзистенцијата, трката со времето и луѓето со негативна енергија.

Радоста треба да е основен зачин на секое јадење подготвено во домот. Довербата треба да е основа на секој разговор кој се води во домот.

Дома е местото каде што сум своја, по мене се влечкаат омилените тренерки или пижами. Дома е местото каде што едвај чекам да пристигнам за да го фрлам градникот од мене. Дома е мојата оаза.

И како би требало да мириса еден дом?

Домот треба да мириса на љубов. На среќа. Оној што го гушкате секојдневно веднаш штом се вратите од на работа, треба да ви мириса на дом, на спокој. Домот треба да има мирис кој буди среќни спомени и надежни соништа кои допрва треба да ги отсонуваме.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот