Како ќе изгледа идниот iPhone?

0

На интерент – блоговите специјализирани за смарт телефони се појави оваа фотографија од куќиште на iPhone кое по сè изгледа ќе биде новиот телефон на Apple кој треба да биде претставен во септември.

Веќе има и информации кои кружат по интернет за тоа што ќе донесе новиот модел на компанијата од Купертино. Се очекува новиот iPhone да биде водоотпорен, да има минимум 32 гб меморија, а можеби ќе биде и малку потенок од претходните модели. Според најавите, ќе има и промени кај home копчето.

Врз основа на последно протечената фотка за новиот iPhone можеме да заклучиме дека кај камерата ќе има сериозно унапредување. Сепак, за сите останати детали ќе треба да причекаме до септември кога и официјално се очекува да биде претставен новиот модeл на смартфонот на Apple.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар