Како ќе проаѓаат годините, така друштвото ќе се намалува…

0

Како што старееме, така ќе се намалува и бројот на пријатели. Ова не треба да ве изненади од причина што со текот на времето приоритетите ќе се дефинираат,  толеранцијата за неважни работи ќе се намалува, а на тој начин ќе се редуцира и бројот на луѓе со кои вие ќе сакате да бидете.

Како што поминува време, така се добива и повеќе искуство. Ќе сфатите кои ви биле вистинските пријатели кога ќе се завртите назад и ќе ги погледнете настаните кои поминале. За тие кои не биле таму кога сте имале вистинска потреба од нив, нема да ви биде гајле. И тоа е во ред.

Трпението за неискреност и лаги ќе се намалува се повеќе. Ако порано сте имале нерви да ислушате цела разгворот за кој знаете дека не е вистина или пак некој со зборовите само се обидува да ви ласка и да се фали себеси, сега ќе станете и ќе си заминете без објаснување. Не должите никому објаснување, посебно ако не заслужиле.

Врските кои сте ги формирале со текот на годините, ќе стануваат поцврсти и ќе имате се поголемо почитување и посветеност на нив. Енергијата за запознавање на нови луѓе ќе се намалува се повеќе, се додека еден ден ја снема.

И конечно ќе научите како да го заштитите сопствениот живот и тајните кои ги имате од надворешниот свет. Колку сте постари толку друштвото ќе се намалува и знаете што? И тоа е во ред!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот