Како ќе изгледаа хероините на Дизни во дизајнерски фустани?

0

Фустаните на ликовите од анимираните филмови на Дизни секако спаѓаат во категоријата висока мода, нема сомнение.

Но, сте се запрашале ли некогаш кој од денешните големи и помали дизајнерски имиња би можел да се „фрли на работа“ и да дизајнира фустани како создадени за нив?

Светски познатото списание за жени Вог истражуваше и ги пронајде најсоодветните фустани кои би изгледале идеално на секоја Дизни: Гио Пеи има фустан создаден за Рапанзл, Атеље Версаче дизајнира облека за Покахонтас, Јулијана Сергеенко има фустан совршен за Ариел.

На листата се и Џанбатиста Вали, Виктор и Ролф, Ели Сааб…

Па ако сите овие Дизни девојки и принцези прошетаа по модната писта на Модната недела во Париз, еве што ќе видевме:

Елза во фустан на Ајрис Ван Харпен

Јасмин во фустан на Алексис Мебил

Покахонтас во фустан на Атеље Версаче

Пепелашка во фустан на Ели Сааб

Заспаната убавица во фустан на Франческо Скогнамиљо

Бела во фустан на Џанбатиста Вали

Рапанзел во фустан на Џио Пеи

Ариел во фустан на Јулијана Сергеенко

Снежана во фустан на Виктор и Ролф

Чиј фустан би сакале да носите вие?

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот