Како Капоера од криминален спорт станува национално обележје

0

Постојат различни приказни и легенди за тоа како настанала Капоерата и не може со сигурност да се каже која е од нив е вистинита.

Се верува дека овој забавен спорт потекнува од Бразил и настанал за време на колонизацијата во текот на 16- ти век. Капоерата – боречка вештина со танцување, денеска се вежба во сите делови од светот како и кај нас.

Иако основните чекори се прилично едноставни, за овој спорт е потребна одлична кондиција и добра физичка подготвеност.

Легендата вели дека оваа вештина ја измислиле робовите од Африка, во борбата за слобода. Бидејќи им било забрането да се занимаваат со боречки вештини, тие се сетиле дека во борбата може да вклучат и танц што им овозможило слободно да вежбаат, а никој да не ги забалежи.

Капоерата има силни африкански корени кои се манифестираат во музиката, движењата и симболиката на самиот спорт и танц. Овој спорт може да се вежба поради повеќе причини – ако сакате само физички да се чувстувате добро или да се ослободите од стресот, ако ви се допаѓа начинот на борење, ако сакате танц или едноставно ви се допаѓа комбинацијата на борба и музика.

По укинувањето на ропството во 1888 година, слободните робови се преселиле во различни градови во Бразил, а бидејќи биле без работа започнале да се бават со криминал и да основаат банди.
И понатаму вежбале Капоера причина заради која овој спорт го поврзувале со криминал.

Capoeira-di-Mestre-Baixinho-600x407

Како краен резултат Капоерата во 1890 година била забранета, а секој што бил фатен како вежба Капоера бил казнет со повредување на тетивите на ‘Ахиловата пета’.
Капоерата била забранета се до 1932 година кога учителот Бимба го отвара првото школо за Капоера во светот. Со овој потег Капоерата станува легендарен спорт.

Пет години подоцна Getulio Vargas, тогашен претседател на Бразил, бил воодушевен од работата и начинот на кој учителот Бимба и неговите ученици тренирале и Капоерата ја прогласил за национален бразилски спорт.

Постојат неколку приказни за како го добила своето име. Самиот збор потекнува од зборот „ Capon“ што значи кастриран петел. Се смета дека Капоерата го добила тоа име, бидејќи движењата во борбата наликуваат на петли во борба.

32_Brazilian Capoeira Entertainers in LondonКапоерата се игра на тој начин што оние кои практикуваат, прават голем круг- се игра, се пее и се симулира борба.
Ударите во Капоерата се најчесто одглумени, така што борбата не се фокусира на повредување на противникот, туку на нагласување на вештината. Капоера ангола и Капоера регионал се двата основни стила.
На играчите кругот им претставува микро вселена на животот и светот околу нив.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар