Како изгледаа Оскарите пред 30 години?

0

Уште само два дена нè делат од овогодинешното доделување на најголемите филмски награди Оскар.

И додека повеќемината размислуваат кој ќе добие златна статуетка, каква ќе биде оскаровската забава на Венити Фер потоа, и кој ќе биде најубаво, а кој најлошо облечен на црвениот килим оваа година, ќе ве вратиме триесет години наназад со фотографиите што ги објави Хафингтон пост.

Пред точно 30 години се одржа 59-то издание на Оскарите. Таа година победник во категоријата за најдобар филм беше филмот „Вод“, Оскарот за главна женска улога го освои Марли Матлин за филмот „Децата на помалиот Бог“, а во машка категорија триумфираше Пол Њуман за улогата во филмот „Бојата на парите“.

Црвениот кили, како и секоја година, беше преплавен со најдобрите актери, а меѓу нив се појавија и Хелена Бонам Картер, Том Хенкс, Опра Винфри и многу други.

Погледнете ги фотографиите, можеби ќе се присетите на некој од оскаровските моменти од пред 30 години.

Џеф Бриџис

Изабела Аџани Опра Винфри
Дастин Хофман Вилијам Дефо Голди Хоун и Курт Расел Елизабет Тејлор и Џорџ Хамилтон

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот