Како изгледа програмата за заштита на сведоци?

0

Законот за заштита на сведоци во Република Македонија стапи на сила во 2006 година. Со него се овозможи заштита на сведоци, кои поради опасноста што им се заканува по нивниот живот, здравје, личната или безбедноста на семејството, можат да бидат сослушани на посебен начин, со определување на статус на заштитен или загрозен сведок, со доделување на псевдоним, кои исказот ќе го дадат со помош на аудио-визуелни средства, со прикриен лик и изменет глас.

Заштитата ја дава судот може да значи и промена на неговиот идентитет, живеалиште па дури и промена на земјата во која живее, во зависност од степенот на заканата за која треба да се направи содветна проценка. Во принцип, секој сведок е потенцијално загрозен сведок. Неговото сведочење секогаш ќе наиде на реакција кај некој од учесниците во постапката. Влијанието и заплашување на сведоци носи и кривична одговорност. Меѓутоа кој се може да биде заштитен сведок? Дали организатори на криминални групи можат да се појават како заштитни сведоци како себеси би се спасиле од кривична одговорност или пак тие би биле соработници на правдата за кои има посебна постапка.

Како би се водела граѓанска постапка доколку заштитениот сведок е и оштетено лице а притоа да не се открие идентиетот.Терминот заштитен сведок првпат е применет во американското право, за разбивање на сицилијанската мафија Коза Ностра. Постапката била проследена со низа мерки за заштита на сведоци, поради нивната дотогашна мафијашка историја и сериозноста на заканите кои мафијата ги упатувала кон нив. Но и во овие случаи сепак со директни сведочења сведоците лично посочувале што виделе и знаеле, што било исклучително важно за случаите кои се воделе, преку кои мафијата била разоткриена, разбиена и санкционирана, а заштитениот сведок бил преместен во нова средина каде што добил шанса за нов почеток во својот живот. На овдешните простори терминот најмногу се користи во судски процеси за воени злосторства, при што како заштитени сведоци се јавувале жртвите на злосторствата. Јасно заштитените сведоци не мора нужно да се криминалци, може и да се очевидци, жртви на злоделата. Оние заштитени сведоци на кои им се сменети лични податоци дури и по поминување на одреден период доколку стапат во брак должни се да молчат, односно да не го откриваат својот вистински идентитет.

,,Во 1981 познатитот злогласен Хенри Хил бил во програмата на заштитени сведоци, тој стапил во брак со Шери Андерс која мислела дека вистинското име му е Мартин Луис, која не ни сонувала дека нејзиниот сопруг има нарачано стоттици убиства, по сознаниети парот се раздели,,

,, Од програмата за заштитени сведоци можат да се откажат кога сакаат но секако на сопствен ризик. За жал не сите сведоци заканата по нивниот живот ја сфаќаат сериозно. Случајот Даниел Лапоа сведок кој се одлучи да ги игнорира заканите и да се врати за погреб во својот роден град и покрај сите закани упативани кон него. Неговиот дом бил претворен во парчиња заедно со него само со отварање на влезната врата,,

Но онаа што е заедничко за сите е потребата од анонимност и заштита, гаранција дека сведокот нема да стане жртва на одмазда од страна на луѓето што ќе ги посочи за одговорни. Доколку некои лица ги дознале податоците за сведоците, должни се со информациите да постапуваат како со класифицирана тајна.

Подготви: Марија Алексиќ

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.