Како изгледа најлуксузниот хотел во Венеција

0

Еден хотел во Венеција направен во некогашната палата е вистински синоним за луксуз и убавина.

Хотелот Aman Canal Grande е отворен пред неколку години и благодарение на одличната локација и неверојатниот ентериер, за него може слободно да се каже дека е единствениот хотел во Венеција кој повеќе наликува на аристократска палата, отколку на класичен хотел.

Всушност, во минатото овој хотел бил палата. Неговата историја датира од 16-тиот век. Хотелот се наоѓа на самиот брег на Големиот канал, и e чест избор за романтични престој на богатите и заљубени парови како Џорџ и Амал Клуни, Бекамови, Ана Иванович и Бастиан Швајнштајгер.

files (3)

За да пристигнете до овој хотел, мора да пловите со гондола по Големиот Канал, па така патувањето до најаристократските апартмани во Венеција станува уште поромантично.

Лобито на хотелот е украсено со луксузни бели и розови мермерни плочки, Мурано лустери и ѕидови обложени со тапети од вистинска свила.

files (2)

Ресторанот е сместен во Жолтата и Црвенате трпезарија чии тавани се обложени со фрески од 18-тиот век кој ги има направено познатиот уметник од тоа време, Џанбатиста Тиеполо.

Од главната тераса на хотелот на горниот кат, гостите имаат неверојатен поглед кон Големиот канал, додека долниот дел на хотелот е дополнет со позлатени рамки за огледала, фрески, мурали и оригинални антиквитети.

files

Собите се посебна и луксузна приказна. Ноќевање во овој хотел чини околу 1000 фунти. Гостите имаат можност да спијат во елегантно украсени соби, луксузни, удобни, со огромни бањи. Оние кои ноќеваат тука на распологање имаат и висококвалитетна постелнина од свила која е насликана рачно со орнаменти од кинеската уметност.

files (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.