Како изгледа летот во прва класа во Катар Ервејс, најдобрата светска авио компанија?

0

Кога Катар Ервејс беше избрана за најдобра авио компанија во светот за минатата година, само малкумина беа изненадени. Компанијата им нуди секакви погодности на своите патници, но пред сè на оние што патуваат во прва класа.

А нивното патување е луксузно, во вистинска смисла на зборот. На неколку аеродроми во светот постои посебна „чекална“ за патниците од прва класа на оваа компанија. Освен што можат да испијат кафе или пијалак, патниците можат и да појадуваат, да ручаат или да вечераат додека чекаат да влезат во авионот.

Во кабината за прва класа има вкупно осум седишта.

Седиштата можат да се трансформираат во кревет доколку патникот сака да спие.

Притоа, за патниците има пижами и папучи кои одговараат со нив.

За патниците што не спијат, постои опција да гледаат телевизија или да сурфаат на интернет, бидејќи добиваат картички со интернет конекција.

Секој патник добива и комплет од Џорџо Армани – гел за туширање, шампон, маска за спиење, чорапи и слично.

Во авионот Qatar A380 се наоѓа и најдобро снабдениот бар. Патниците само треба да одберат што сакаат да пијат.

 

Оброкот е секогаш исклучително вкусен, убаво послужен и најчесто вклучува и кавијар.

На крајот само треба да се опуштат и да уживаат во летот… бидејќи поволностите што ги нуди се неверојатни!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот