Како изгледа LaFerrari кабрио моделот

0

По неколку месеци шпекулации, новата органичена верзија на Ferrari- Le Ferrari кабрио до некаде е претставена…

Ferrari и понатаму го задржува истото име и техничките карактеристики, но број на произведени автомобили од овој модел за сега е во тајност, се додека не биде конечно претставен на саемот во Париз оваа есен.

За сега е познато дека автомобилот Ferrari La Ferrari кабрио верзијата, ќе биде достапен со карбонски и со мек кров, додека остатокот од автомобилот останува речиси идентичен како редовниот модел.

Ова би значело дека под хаубата е 789 кс V12 моторот, поврзан со 160кс електриченот мотор, а заедно формираат сила од 950 коњски сили.

Гласини за LaFerrari Spyder се шират наоколу уште од 2014та година. Дојде 2016та година и извршниот директор на Ferrari, Серџо Маркионе конечно потврди дека „Spyder“ верзијата е во процес на изработка.

“Единствениот иден производ поврзан со LaFerrari е Spyder”, изјави Маркионе на прашањето дали е во план помалку екстремна верзија на овој суперавтомобил.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.