Како изгледа ‘армијата’ на Кејт Мидлтон

0

Војвотката од Кембриџ, Кетрин е една од кралските личности за која светот секогаш сака да знае нешто повеќе. Сите знаеме дека сака да го поминува времето со сопругот, принцот Вилијам, да биде со децата, принцот Џорџ и принцезата Шарлота.

Но, тоа што не го знаеме е нејзиниот внатрешен свет – кои се пријателките со кои сака да пие чај, со кого сака да оди на прошетка, кој се грижи за неа, која е нејзината приватна секретарка…

Како изгледа ‘армијата’ на Кејт Мидлтон, со кого таа сака да поминува време кога не е со семејството.

Емилија Жардин  – Патерсон

1

Таа е најдобрата пријателка на Кејт Мидлтон. Двете беа заедно на колеџ, а кога Кејт и Вилијам имаа период на прекин во врската, Емилија беше другарката која ја однесе на Ибица да се забавува и да заборави на љубовните проблеми. Но, ова е период од нивниот живот кога фокусот им е на децата и семејството.

Софи Картер и Трини Фојл

2

На фотографијата, покрај Кејт и Емилија, се уште две девојки кои се во кругот на најдобри пријатели.

Софи Картер и Трини Фојл од секогаш биле дел од друштвото на Кејт и Вилијам, уште во времето кога беа во врска.

Џејмс и Лора Мејд

3

 

Џејмс е еден од најстарите пријатели на Вилијам. За време на нивниот прекин во 2007 година, тој беше забележан во друштво на Кејт, во улога на поддршка. Џејмс, кој е кум на принцезата Шарлота, заедно со сопругата Лора се нивни соседи во Норфолк.

Хју и Роуз ван Кутсем

4

Нивната ќерка Грејс беше една од деверушите на кралската свадба. Парот исто така живее блиску до Кеј и Вилијам.

Пипа Мидлтон

5

Пипа е помалата сестра на Кејт, разликата меѓу нив е 20 месеци. Најголем дел од времето го поминуваат заедно, Пипа важи за сродната душа на Војвотката.

Ребека Дикон

13814990_10210599579853546_1480637031_n

Ребека е приватна секретарка на Кејт. Нејзина работа е секогаш да биде во близина на Војвотката, дури и кога е со пријателите.

Кејт Арчер

13823572_10210599588213755_1226944227_n

Таа е перосоналниот асистент на Кејт. Буквално секогаш и секаде е со неа, врши се што е потребно за Војвотката од Кембриџ.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.