Како холивудските ѕвезди се ослободуваат од вишокот на килограми

0

Познатите холивудски ѕвезди се постојано под третмани и специјално иразботени диети за нивното тело и здравје. Нивниот изглед е од особено значење токму поради работата со која се бават и јавниот живот кој го водат.

Сигурно честопати сте се запрашале како се справуваат со вишокот на килограми на толку брз и ефикасен начин а притоа да не ја повратат старата форма.
Еве неколку познати, холивуски „слабеења“ кој ве мотивираат и вие да почнете:

 

Џенифер Хадсон

1.

Џенифер Хадсон стана вистинска сензација за време на „American Idol“ кога влезе во седумте топ изведувачи на сезоната, за подоцна да биде исфрлена од шоуто. Без разлика на тој „неуспех“, нејзината слава допрва почнуваше. Во 2005-тата година, таа доби улога покрај Бијонсе, во адаптацијата на филмот „Dreamgirls“ кој подоцна и донесе Оскар за најдобра споредна улога. Таа важи за една од ретките изведувачи што има добиено Греми и Оскар. Во 2010-тата година, таа ја шокираше јавноста кога се појави со 36 килограми помалку, нејизната трансформација беше зачудувачка, а таа игледаше прекрасно. Тоа и донесе нови ангажмани во интересни ток-шоу емисии каде ја мотивираше јавноста да се приклучи во начинот на здрава исхрана.

 

Џефри Ферера

3.

Тој ни е познат по прекарот „Turtle“ од тв-шоуто „Entourage“. Џефри Ферера за време на губењето на вишокот килограми беше точно пред очите на публиката играјќи во последната сезона на „Entourage“. Тој јавно призна дека хамбургерите и прижените компирчиња ги заменил за свеж зеленчук и салати, тофу и овошје. Новиот Џефри се појави со 22 килограми помалку.

Џонac Хил

4.

Дебелиот комичар Џонас Хил не постои повеќе. Од него остана само „комичарот“. Припремајќи се за улогата во „21 Jump Street“ беше обврзан да изгуби 18 килограми. Вели дека ова го постигнал со голема дисциплина, постојано вежбање и многу кинеска храна. Тој дури изнајми и тим на нутриционисти за да ја постигне зацртаната цел. Хил, во многу интервјуа претходно говореше за проблемот со вишокот килогирами а секогаш велеше дека пивото е причината за неговата тежина.

Форест Витакер

5.

Тој е еден од најпознатите глумци и оскаровец со феноменална листа на улоги. За неговата улога во филмот „The Last King of Scotland“ требаше да се поправи 31 килограм. Веднаш по снимањето на филмот премина на вегетаријанска исхрана и боречки вештини. Постојано го промовира вегетаринаскиот начин на исхрана и ги поддржува сите проекти на организацијата „ПЕТА“ за заштита на животните.

Клои Кардашиан

6.

Откако 2 години беше на специјален режим на исхрана таа повеќе не е „дебелото девојче“ во фамилијата на Кардашиан.
Нејзината трансформација наиде на различни коментари особено од страна на машката публика, со оглед на тоа што на некои повеќе им се допаѓаа нејзините облини. Губењето на вишокот килограми таа вели дека го должи на петдневното тренирање со нејзиниот личен тренер, Гунар Петерсон и конзумирање на многу вода за да и се намали апетитот. Клои за магазинот „People“ изјави дека за да ја контролира желбата за храна морала да одолее на сè што порано сакала да го јаде: Јадев сè, но контролирано и во порција, нешто што никогаш не го правев порано. Навистина е тешко да го навикнеш телото на малку храна. Очите ми беа поголеми од стомакот“.

Крис Прет

7.

Крис Прет стана еден од најбараните глумци по успесите на двата блокбстер филмови „Guardians of the Galaxy“ и „Jurassic World“. Тој изгуби 27 килограми за улогата во филмот „Jurassic World“ со помош на нутриционистот Фил Гоглиа. За да се пофали со неговите стомачни мускули објави „selfie“ без маица со коментар: шест месеци без пиво.

Сет Роген

8

Сет Роген изгуби 13 килограми за 9 месеци, откако ја доби главната улога во филмот „The Green Hornet“. Со ригорозна диета и со приватен тренер, кои всушност им е познат на повеќето холивудски ѕвезди. Пред тоа тој се обидуваше неколку пати да ја намали својата тежина но никако не успеваше да ја исполни целта.

Зак Галифианакис

9.
Ѕвездата на „Hangover“, Зак Галифианакис ја шокираше јавноста со својата трансформација кога се појави за време на „Sag“ наградите во 2015. Тој воопшто не ни наликуваше на големиот и дебел човек кои бевме навикнати да го гледаме во „Hangover“. Изгуби неверојатни 22 килограми откако реши да го намали количеството на алкохол. Тој за телевизијата “E!“ изјави: Јадев премногу колбаси и пиев премногу водка. Премногу вкусно, но лошо за телото“.

Питер Џексон

10.

Сигурно помните како тој изгледаше пред неколку години, но доколку ги споредите неговите фотографии сега, ќе сфатите дека е половина човек. Питер Џексон изгуби, ни повеќе ни помалку, туку 31 килограм со житарици, супи и јогурт. Тој вели дека сега постојано ја одржува постигнатата форма со вежбање во домашната теретана.