Како електричните цигари влијаат на здравјето?

0

Електричните цигари се покажаа многу поопасни отколку што се сметаше – се утврди дека може да предизвикаат тешки и неизлечиви болести.

Студија спроведена на престижниот Универзитет Харвард во одделот за јавно здравство, покажа дека 75 отсто од течните пополнувања на електронските цигари содржат диацетил, односно “ароматични хемикалии кои предизвикуваат неизлечиви болести.”

Оригиналното име на овие хемикалии е бронхиолитис облитеранс, или “пуканки на белите дробови”, бидејќи тоа прв пат е забележано кај луѓето кои работеле во фабриките каде што се произведуваат пуканки, при вдишување на големи количини на миризбата од путер – велат експертите.

Хемикалите уништуваат и создаваат лузни на алвеолите, мали “меури” во белите дробови, а симптомите се слични на оние од хронична опструктивна белодробна болест – со кашлање, отежнато дишење и плитко дишење.
Доктор Џозеф Ален од Харвард вели дека најопасни се оние електронски цигари кои се најпривлечни за младите луѓе – со арома на овошје и слатки .

Бидејќи електричните цигари се релативно нова технологија, научниците велат дека овие хемикалии може да се само неколку во низата и колку навистина предизвикуваат сериозна штета и болести кои може да се неизлечиви, ќе покажат деталните истражувања кои ќе бидат спроведени во наредниот период.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар