Како еден студент му одржал лекција на професорот

0

Еден студент паднал на испит по логика. Не му било право, па затоа решил да разговара со  професорот и тоа одело вака:

Студентот: Вие ме казнувате, а знаете ли зошто е тоа така?

Професорот: “Секако, инаку не би бил професор”.

Студентот: “Ок, да Ве прашам нешто друго сега – ако го знаете точниот одговор, повторно паднете ме на испитот и ќе си одам. Но, ако и вие не знаете ќе ми дадете шестка и ќе положам”.

Професорото после кратко размислување одговорил: “Ок, прифаќам”.

Студентот: Што е легално (законско), а не е логично; што е логично, а не е легално; и што не ниту логично ниту легално?

Професорот долго размислувал, но не го пронашол точниот одговор и му напишал на студентот шестка.

Потоа, го прашал за одговорот. Студентот му рекол:

“Вие имате 53 години и сте оженети со 23 годишна девојка. Тоа е легално, но не е логично”

Вашата жена има 24 годишен љубовник, што е логично, но не е леглано. Вие му давате шестка на љубовникот на вашата жена, иако требаше да падне на испитот, што не е логично ниту пак легално”.

Што мислите вие, на научил професорот лекцијата која студентот му ја одржал?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот