Како е да се биде стилист на најубаво облечената жена- Кејт Бланшет

0

Како е да се биде личен стилист на една од најубавите жени и добитник на оскар- Кејт Бланшет?

Нејзината стилистка, Елизабет Стјуарт за “Harpers Bazaar“ ја споделува тајната за најубаво облечената жена во Холивуд.

– Соработувам со Кејт Бланшет повеќе од 8 години. Поради нејзинот исполнет распоред понекогаш навситина нема дволно време за проби на фустаните и комбинациите кои ќе ги одберам.
Таа е личност со многу обврски и со 4 деца, поради тоа најчесто прави проба на фустаните точно пред настанот, а јас секако мора точно да видам како тоа ќе одговара на нејзиното тело.

-Почетокот на денот го започнувам будејќи се во мојот апатман и со мојот вечно вклучен аларм во Санта Моника. Тоа значи дека време е за проверка на емаил поштата.
Најчесто тоа се повеќе од 1000 емаил пораки наутро, вклучувајќи ги моите соработки со Европа- Париз.
За комуникација постојано користам онлајн пошта бидејќи ми е достапна 24 часа и може постојано да сум во контакт со секого.
landscape-1456413110-hbz-secrets-of-a-celeb-stylists-comp1

-Кејт и јас комуницираме преку емаил пошта исто така, разменуваме мислење за фустани и изглед проследено и со фотографии. Тоа се од прилка 4-6 емаил пораки на ден.
Најчесто договараме што таа ќе носи ден пред пробата на облеката, бидејќи следниот ден се среќаваме рано наутро за да видиме како тоа се ќе изгледа на неа.
Подготовките и одбирање на тоалета за било кое доделување на награди е нешто на кое постојано се работи, бидејќи тоа бара посебен план, излгед и промени ако се потребни.

„Потрага за изглед кои се уште не е виден на црвениот тепинх е секогаш возбудлив момент“.

Cate-Blanchett-Most-Fashion-Forward-Red-Carpet-Moments

Кога јас и Кејт сме заедно, бараме облека за повеќе настани. Пробата ја правиме во хотелот каде што престојува Кејт или во моето студио во Санта Моника.
Кети, мојата асистенка е секогаш со мене, но имам и постојан тим составен од 3 луѓе, а за време на големите настани, доделувања на награди го дополнувам тимот.

Момент што ми е омилен во соработката со Кејт е кога таа беше осми месец бремена и носеше тоалета на Dries Van Noten.
625edb647e406c6c61a4f59af93ce428

Таа е многу љубопитна за нови дизајнери. Кога и да види нешто интерсно од непознат дизјанер ми испраќа емаил со фотографија и прашува „ Што мислиш за овој дизајнер“.
И тоа е секогаш некој за кого никогаш не сум слушнала.

Моментално на мојата листа на клиенти се уште неколку преубави жени меѓу кои: Џесика Частаин, Аманда Сејфрид, Џулија Робертс, Виола Дејвис, Ребел Вилсон, Сандра Булок и Џенуари Џонс.

c61589173dedcef1_cate-blacnett.jpg.xxxlarge

Го правам се она што е потребно за да имам баланс и време за сите мои клиенти. Имам одличен тим па често може да се поделиме за ангажманите во текот на денот. Ако завршам со сите обрврски порано, обожувам да одам дома и да си направам некој од моите фенси коктели.

cate-blanchett-oscars-red-carpet-2015
cate-blanchett-golden-globes-2016
cate-blanchett

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.