Како е да се работи во канцеларија полна со жени?

0

Дејвид Ливермор има повеќе од 10 години искуство на работа како шеф, но и знаење како да пристапи во одредени ситуации на работа.

Дејвид во својата 15 годишна кариера примарно работел во женски колективи и неколку пати досега имал шефица – жена. Кога и самиот станал шеф, повторно неговиот тим најмногу се состоел од жени колеги. Тој вели дека понекогаш имало и мажи во тимот, но тие не останувале предолго на работно место. Смета дека тоа е резултат на тоа што некои мажи се чувствуваат нелагодно пред фактот дека во канцеларијата доминираат жени.

Затоа, тој наведува неколку совети кои се од неговото лично искуство, кои се корисни како за мажите, така и за жените.

  1. Во еден момент те сакаат, во друг те мразат

Дејвид смета дека мажите во најголем дел коегзистираат, додека жените имаат поинаков однос со колегите на работа. Тие во еден момент може да се однесуваат како најдобар пријател, а потоа да го сменат однесувањето. Жените се поемотивни, па се случува и да се скараат помеѓу себе, дури и да не разговараат некое време. Но, тоа е многу нормално. За кратко време, тие ќе се “оладат“ и атмосферата повторно ќе биде пријатна.

  1. Чувајте се од романсите на работа

Жените почесто ги изразуваат своите чувства на работа, па доколку се случи романса на работа, тие нема да издржат долго да ја сочуваат тајната. Мажите пак, доколку се случи, по секоја цена ќе се обидат да ја негираат. Доколку романсата прекине, жената може да направи да се чувствувате многу непријатно на работа, заедно со колешките кои ја знаат вашата тајна.

  1. Внимавајте на контактот со очите

Кога разговарате со жени, мора да ги гледате во лице. Колку и да сакате да ја погледнете целата фигура, трудете се тоа да не го правите. Жените мора да ги гледате во очи, бидејќи може да ги навредите.

  1. Оние денови во месецот…

Досега со сите колешки со кои сум работел, зборувале отворено на оваа тема. Лично, не сум забележал разлика во било кои денови…Но, тие знаат меѓу себе да разговараат и да се советуваат со другите колешки.

  1. Жените се многу емотивни

За разлика од мажите, жените некогаш не можат да се воздржат од солзи на работното место. Доколку се вознемирени, тоа ќе го забележите. Ваша задача е да бидете добар колега и да се потрудите да и помогнете или да ја утешите.

  1. Подгответе се да бидете уште “една од девојките“

Ако сте еден маж во канцеларијата, неминовно е колегите од другата канцеларија да заборават на вашето присуство, па да слушнете некој колега низ ходник како вели “одам кај девојките на кафе“. Без тешки чувства, ништо лично.

  1. Озборување

Иако ова постои и кај мажите, кај жените е можеби малку поизразено. Некогаш тоа го прават само затоа што им е здодевно.

 

Работењето со жени е и од голема предност за нас мажите. Тие се грижливи и внимателни кон колегите, па така со сигурност знам дека доколку имам проблем или потреба од совет можам да им се обратам во секое време.

Едноставно е, колешките треба да ги почитувате и да бидете коректни со нив, и одењето на работа ќе биде вистинско уживање.

Извор: moj-posao.net

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот