Како домот да изгледа отмено и убаво со минимално потрошени пари

0

Дали сакате домот да ви изгледа луксузно уредено и отмено, а притоа да не потрошите многу пари?

Обрнете внимание на деталите кои прават огромна разлика во впечатокот кој што го остава вашиот дом.

Бои

Почнете од освежување на просторот, со варосување на домот. Освежувањето на ѕидовите не е скапа работа, но прави огромна разлика. Одберете беж, светло сина или светло сива и веднаш ќе го промените изгледот на собата.

Пешкири и крпи

Фрлете ги старите пешкири и крпи од кујната и бањата и ставете нови. И онака не ви вршат работа, а само го нагрдуваат изгледот. Купете нови, со силни и светли бои кои ќе изгледаат убаво во целиот ентериер и ќе му дадат живот на просторот.

Перници

Немојте во никој случај да ги оставите сами перниците кои се комплет со гарнитурата. Дополете ги со нови во свежи бои и тонови. Не се плашете да си играте со боите, тоа е добитна комбинација, а вие ќе уживате додека го менувате ликот на домот.

Слики

Уметничките слики се одлични за уредување, но зошто да се ограничуваме само на познатите уметници. Може да се интервенира во просторот со урбана уметност кој ќе даде карактер на домот.

Микродетали

Ако кујната е стара, не мора да ја менувате цела, туку само сменете ги деталите. На пример, на рачките ставете некои интересни и нови форми. Додадете закачалки во боја и нови дезени.

Огледала

Огледалата се секогаш добра идеја. Го зголемуваат визуелно просторот, а гостите секогаш ќе сакаат да се погледнат само уште еднаш во огледало.

А сега, на работа и дотерување 🙂

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.