Како до заводлив поглед во 5 чекори

0

Она кон кое цели секоја жена кога станува збор за мејкап изгледот… Е заводливиот поглед!

Кога станува збор за впечатливиот поглед кој е најмоќното оружје на секоја жена, всушност станува збор за „chiaroscuro“ односно, техника со која се служеле сликарите уште во античко време, создавајќи илузија со помош на сенката и светлината. Па освен на платно оваа техника доживеа слава и во вештите раце на врвните шминкерите кои знаат како да си играат со светлината и сенката на лицето.

Дури и да имате и малку искуство не би ви претставувало проблем да ја имитирате оваа техника со помош на следниве 5 производи:

Бело моливче за очи

Црното моливче за очи заменете го за бело моливче кое визуелно ќе ги отвори и зголеми вашите очи.

Коректор

Коректорот ќе ви помогне да ги покриете подочниците кои визуелно ви ја намалуваат големината на очите. Внимателно одберете коректор кој е нијанса посветол од тенот на вашата кожа, така ќе ги истакнете вашите очи и вашите трепки ќе изгледаат подолги.

Светла сенка за очи

Користите светла сенка за очи и во внатрешниот агол од очите. Со тоа вашите очи ќе изгледаат покрупни и повпечатливи, но и ќе добиете „буден“ изглед на очите. Добар избор е сенка со боја на лаванда која би можеле да ја нанесете и на надворешните делови од очните капаци.

Темна сенка

Темната сенка нанесете ја на надворешниот дел од очните капаци и благо повлечете линија нагоре. Ова е најбрзиот и наједноставниот трик за да ги нагласите очите.

Маскара

На самиот крај нанесете два или три слоја маскара на горните трепки и еден слој на долните.

Производите може да ги најдете во продажните салони на Anabella Beauty Spot Macedonia.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот