Како до убави и негувани усни?

0

Нема жена која не посакува да има убави, нежни и големи усни. Тие со векови се симбол на женската сензуалност и сексапил. Секојдневната нега е најважниот фактор во целта за убави и здрави усни.

Кога станува збор за ритуалите за разубавување, жените најчесто ги забораваат усните. Но, тоа мора да се промени, веднаш!

Најнапред, запомнете дека мора своите усни да ги негувате со специјален пилинг за усни. Ако го немате во вашата козметичка торбичка, тогаш доволно е секојдневно да ги триете со мека четкичка за заби за да ги отстраните мртвите клетки за вашите усни да изгледаат здраво и да ја подобрите циркулацијата на крв во усните за тие да изгледаат порумено.

Знаеме дека секојдневно користите кармин или сјај за усни, но колку често ставате балсам? Балсамот не треба да го употребувате само кога вашата уста е испукана туку секојдневно за да ги „нахраните“. Одберете балсам со витамин Е, бадемово масло и УВ филтри за да ги заштитите усните од предвремено стареење и иритации. Внимавајте и на квалитетот на карминот. Одредени кармини можат да ја исушат и иритираат кожата на усните.

Доколку сакате вашите усни да изгледаат поголеми, избегнувајте ги темните бои на кармини и употребувајте кармин кој е во приближна нијанса со вашиот тен. За визуелно поголеми усни, наместо мат одбирајте сјајни кармини.

И не заборавајте, најубавите усни се оние кои врамуваат насмевка!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар