Како до совршен маникир и педикир?

0

Маникир е козметички третман за ноктите на рацете, кој професонално се изведува во салон, но исто така може биде изведен и во домашни услови.

Маникир се состои од: Полирање и слободно обликување на работ на ноктите, туркање (со кутикуларен тонер) и отстранување (со поткожни ножеви) на кое било неживо ткиво, третмани, масажа на рацете и примена на лак за нокти . Кога ваков тип на третман се применува на нозете, тој се нарекува педикир.

 

Некои маникири може да вклучуваат цртање и дизајнрање на ноктите, или примена на мали детали или имитации на накит. Други третмани за нокти може да вклучуваат примена на вештачки нокти, гел за нокти и надградба или акрилни нокти, од кои некои се нарекуваат француски маникир.

Луѓето кои се занимаваат со оваа дејност потребно е да се лиценцирани како и да следат многу прописи. Тие треба да се добро информирани и претпазливи, бидејќи постои одреден ризик од ширење на инфекција која може да се пренесе преку алатките кои ги користат. Затоа, многу е важно да се посвети внимание кон одржување на хигиената на алатките.

Најважно, секоја жена која посакува да изгледа пристојно и да се чувствува убаво, потребно е да биде запознаена со работата на салонот кој го избира и на кој му го доверува своето тело.

Значајно е услугата да е на врвно ниво, а вниманието кое се посветува да биде целосно пријатно доживување.

Ако ви е потребен третман, одберете салон кој ги исполнува сите услови и ви нуди совршена нега, посетете го салонот за нега и убавина ПОЛЕНА во Скопје.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот