Како до совршен француски “look”

0

Французинките веќе одмамна имаат посебно место во светот на модата: тие се дами кои имаат совршен стил. Тоа се жени кои изгледаата шик, без разлика каде се, кул со доза на сензуална женственост, софистициран ретро look и очигледна неоптовареност.

Тие се еклектични, лежерни и секогаш во тренд, со многу малку труд, нивниот шарм инспирира и дефинитивно се копира од девојките ширум светот.

Тајната на ваквиот изглед ја открива Клое Џонстон, шопинг експерт, која преку неколку совети се обидува да ја доближи Французинката до секоја девојка.

Носете ја вие облеката, не дозволувајте облеката да ве носи вас!

Французинките каде и да се појават го вртат вниманието кон себе бидејќи имаат изглед кој вели: „не се трудев премногу, но знам дека изгледам добро”. Тоа е комбинација на шик, конзервативен и провокативен стил. Облеката е дамо детаљ кој ве надополнува вас!

francuzinki (4)

Секогаш држете се до едоставното

Парижанките, ако не сте забележале никогаш на себе немаат повеќе од три јаки бои и се држат до нивната компатибилност, а принтовите ги комбинираат многу суптилно.

francuzinki (2)

Секогаш купувајте облека која ќе трае “вечно”

Што значи ова? Значи дека не треба да вложувате во облека која е за еднократна употреба. Секогаш купувајте нешто кое можете да го комбинирате и преку ден и навечер како на пример фармерки, фустани, кошули…

И секогаш следете ги француските модни блогерки, тие знаат најдобро.

francuzinki (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот