Како до креативен и ефиксен тим?

0

Во секоја работна организација има по некој што ги влече конците. Но, од големо значење за самодовербата е да им дадете право на вработените сами да размислуваат, да бидат креативни и да се чувствуваат корисно.

Еден од најдобрите начини за креативно размислување во тим кој води до успех е таканаречениот „brainstorming“. Оваа техника е развиена уште во 1948 година од страна на неколку американски компании, а се состои од четири дефинирани правила:

Секој член на тимот може сè да каже, бидејќи на ништо не се замерува.

Колку повеќе презентирани идеи, толку подобро.

Ниту една идеја не е премногу бизарна или тривијална.

Пожелни се сите комбинации, варијации и подобрувања на презентираната идеја.

Пресудната работа кај оваа техника не е да се најде еден точен одговор, туку да се изнесат повеќе нови одговори и нови идеи кои претходно не биле разгледани, а кои во иднина би придонеле за успешност на тимот.

Најтешкото и најважното правило при таквата тимска работа е – нема критика. Критикувањето на нечија идеја веднаш ќе придонесе за замолкнување и престанување со корисна работа. Исто така, презентираните идеи не треба да се објаснуваат и да се бранат. За време на давањето идеи, секоја идеа треба да се забележи, а дури подоцна, при повторната тимска средба, целиот тим ќе одлучи дали идејата е употреблива или пак не е.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот