Како да знаете дека сте во врска која има иднина – 7 знаци дека сте на вистинскиот пат

0

Тешко е на почеток да се знaе сè, да се направи математика и да се најде формула која ќе каже дали врската има или нема иднина. За тоа е потребно време и енергија, трпение, а некаде попатно ќе дојде и потврдата која ја чекате.

Седум знаци дека сте на вистинскиот пат на љубовта

1.Не се вознемирувате за минатото со други партнери

Сите ние носиме сопствен товар во врската со различна големина и тежина, а потоа учиме како да го средиме тоа, каде да поставиме граници и како да создадеме основа за здрава врска, наместо живот во минатото. Кога сте во нова врска која ветува, не си ги земате за зло работите кои сте ги правеле во минатото со некој друг. Нема поента. Ова е  одлична основа за долгорочна и среќна врска.

2.Не чувствувате закана од успехот на партнерот – наместо тоа го славите

Да бидете вознемирен заради успехот на личноста со која делите љубов и емоции е црвено знаме за врската. Веројатно многу брзо ќе заврши. Славењето на меѓусебниот успех – е тоа е веќе нешто друго. Тука оставате простор да растете како посебни личности  заедничка врска.

3.Уживате во грижата еден за друг

Во однос на ова прашање, има варијации од личност до личност и од врска до врска. Ако за едни е готвење, за други е чистење, за трети е помагање во други обврски. Тоа значи дека се грижите за нивните потреби и желби.

4.Делењето на просторот е природна работа за двајцата

Нема тука драма и прашања кои создаваат главоболка. Вие се чувствувате удобно таму каде што сте, во близина на работите на другиот. Ако на пример вашиот партнер сака на исто место да ја чува четкичката за заби и во иста позиција, свртена накај ѕидот, тогаш е време и вие да го почитувате тоа.

5. „Луди сте“ еден за друг

Вие сте лудо заљубени еден во друг иако нема посебна причина или настан кој ќе ве натера така да се чувствувате. Секоја врска поминува низ период на меден месец. Откако ќе помине таа фаза, а вие се уште уживате во слаткото задоволство на другиот, тогаш сте на вистинско место со вистински човек. Вие само продолжувате да се заљубувате.

6.Постојано дискутирате

Има разлика помеѓу карање и дискутирање. Дискусиите околу различни мислења и ставови се здрави за врската, тие дозволуваат повеќе да се запознаете. Вљубен пар овие дискусии ги прави без да го потцени мислењето на другиот, со многу трепние и разбирање.

7.Вие сте тука еден за друг и во лошите моменти

Лесно е да бидете со некого кога сè е убаво и кога сите се среќни без препереки на патот. Но, вистинскио тест доаѓа кога ќе дојдат проблемите. Ако вие сте тука еден за друг, вие сте еден за друг засекогаш.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.