Како да живеете, не само да постоите

0

Ценете ги добрите луѓе и работи
Понекогаш не забележувате што некои личности прават за вас се додека еден ден не престанат да го прават тоа.
Не бидете такви. Бидете благодарни што имате личности кои ве сакаат и кои се грижат за вас. Вистински ценете ги луѓето околку вас и во вашето друштво, во животот исто така. На овој начин ќе забележите многу позитивни моменти во животот.

Игнорирајте ја негативноста
Ако допуштите луѓето со нивната негативност да влијаат на вас, ќе ја загубите менталната рамнотежа. Никој нема право да ве осудува. Игнорирајте ги безобразните и не конструктивни коментари. Можеби некој ја има слушнато вашата животна приказна, но не поминал низ неа.
Немате контрола над она што околината го зборува, но имате контрола на она што ќе допуштите да ве повреди или не.
bigstock-Happy-Contemplated-Young-Man-I-49720754Простувајте
Простувањето не значи дека треба повторно да им верувате на одредени личности. Не трошете го времето на омраза, тоа е залудно потошено време што нема да ви причини никакво задоволство, баш напротив. Ќе ве наполни со негативна енергија и мисли што ќе ве исцрпат. Користете го времето за луѓето кои ги сакате.
Барањето прошка значи храброст. Да простите пак значи да бидете силни. Да продолжите понатаму значи да бидете среќни. Среќата значи слобода.

Бидете тоа што сте
Ако сте доволно среќни поради тоа што по нешто се разликувате од останатите, тогаш немојте да се менувате.
Единственоста е непроценлива. Потребно е многу храброст да ја задржите вашата личност и гордо да го покажувате тоа пред луѓето околу вас. Но тоа сте вие, а тоа ве прави единствени.

Внимателно одбирајте ги љубовните врски
Добра врска не е онаа во која само се забавувате, туку онаа со која заедно ги поминувате преперките и сеуште се сакате.
Не избрзувајте ја љубовта. Не допуштајте чувството на осаменост да ве врзе за личност што не е за вас или пак што не ја сакате вистински.
Пронајдете љубов кога тоа ќе го посакате вистински, без страв, а не кога сте осамени.
Бидете сигурни за едно: Ако не сте среќни сами со себе, љубовта исто така нема да ве направи среќни! Или пак тоа може да е само повремено.

Сакајте се себеси
Интересно е тоа што луѓето постојано сакаат други личности полни со маани, (што е дел од природата на човекот), личности кои ги повредиле безброј пати , но тие никако не успеваат вистински да се засакаат себеси.
Ако сте способни да сакате многу луѓе со бројни маани, тогаш знајте дека сигурно може да се сакате и себеси.
o-HAPPY-MAN-facebookПравете работи кои ќе ви послужат во иднина
Она што го правите секојдневно е многу позначајно од она што го правите повремено. Тоа што го правите секој ден ја одредува вашата иднина, поради тоа подготвувајте се паметно.

Уживајте во малите работи
Најубавите работи во животот се комплетно бесплатни. Уживајте во нив, бидејќи еден ден сигурно ќе зажалите за тоа.

Откажете се кога е потребно
Животот не се состои од тоа секогаш да поправате нешто што веќе е изгубено, скршено.
Некои односи или ситуации едноставно не може да се поправат. Ако за нив вложувате премногу труд, тогаш работите ќе бидат уште полоши, а вие ќе се чувстувате исто така многу полошо. Понекогаш едноставно треба да научите да ги „пуштите“ ситуациите да си заминат и да почнете од почеток.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.