Како да заспиете за само 1 минута

0

Нервозни сте, имате обврски што ве прават раздразливи, ве очекува тешок ден и заради мислите што ви се вртат во главата не можете да заспиете? Броењето овци одамна не помага.

Наместо тоа, обидете се со методата ‘4-7-8’. Едноставна е:

1. Дишете мирно низ носот 4 секунди.

2. Задржете го здивот 7 секунди.

3. Извишувајте полека низ усте 8 секунди.

Можеби се чини неверојатно, ама нема да знаете дека е ефикасна додека не ја пробате.

Како делува?

Кога сте под стрес или анксиозни, адреналинот е поголем, а дишењето ви станува позабрзано и полесно. Оваа вежба за дишење делува како седатив. Кога ќе го забавите дишењето се забавува и ритамот на срцето, а вие се смирувате за кусо време.
Истата вежба ќе ви помогне да го смирите и умот, пред сè затоа што сте сконцентрирани на дишењето. Не сте свесни, ама вашиот централен нервен систем во тој момент ја намалува својата активност, а чувството на анксиозност полека исчезнува. Ова ќе ви го потврди секој невролог.
Оваа вежба ви го опушта целото тело, а ја измислил доктор Ендру Вел од Харвард. Се користи и при медитација. Обидете се, ништо не можете да изгубите.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар