Како да станете одличен презентер

0

Доколку вашата професионална желба е да станете презентер/ модератор или пак вашата работа е тесно поврзана со јавни настапи, постојат неколку клучни правила на однесување кои мора да ги знаете. За почеток, заборавете на тремата и акцентот секогаш ставете го на она што го сакате!

  1. Добрите презентери секогаш одат подготвени на јавниот настап

Без разлика дали се работи за јавен настап пред голема публика или пак кратка презентација пред бизнис соработници, клучно за успех е да се појде подготвен. Со голема информираност и однапред подготвена презентација, самодовербата ќе биде на повисоко ниво, што веднаш ќе ги елиминира стравовите од неуспех.

  1. Елиминирајте ја нервозата

Кога ќе дојдете до степен на складност со верзијата од себе која е полна самодоверба, стравот засекогаш ќе исчезне. Дотогаш, во моментите кога настапува нервозата, обидете се да се замислите себеси како би изгледале кога би се чувствувале самоуверено. Обидете се да влезете во таа улога и мислете на успехот и аплаузот кои ќе следат..

  1. Внимавајте на говорот на телото

Впечатокот кој го оставате на околината во голема количина зависи од говорот на тело додека им се обраќате. Изоставете ги наглите движења, допирање на косата, панично цупкање во место или облизнување на усните. Воспоставете контакт со публиката гледајќи ги во очи и бидете отворени кон нив.

  1. Не читајте, презентирајте

Добрите говорници не ги читаат своите говори од збор до збор. Добро е да се потсетувате, но внимавајте да не биде предолго.

  1. Полека говорете

Целта е слушателите да ве разберат што говорите. Тонот нека биде смирен, доволно јасен и разбирлив за околината.

  1. Времето искористете го ефектно

Задржувајте се само на суштината. Не заобиколувајте и не се повторувајте. Доколку држите предолги говори, може да и станете досадни на публиката.

7. Сакајте го она што го работите или пак воопшто не го работете

Не секој има талент за јавен настап. Доколку сметате дека не припаѓате во оваа група, не се обидувајте да бидете она што не сте. Јавните настапи се за оние кои се родени за тоа.

women-speaking-at-podium

 

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.