Како да спиете подобро?

0

Често ни се случува стресот кој сме го акумулирале во текот на денот и сите случку кои сме ги доживеале во текот на денот да ги однесеме заедно со нас во кревет, па се мачиме да заспиеме со часови. Но, секој проблем има свое решение. Обрнете внимание на следниве неколку нешта за да имате подобар и поквалитетен сон.

Напијте се млеко и каснете колачиња. Млекото е добро да се пие пред спиење, затоа што содржи триптофан, аминокиселина којашто ќе направи да се чувствувате поспани. Консумирањето на чајни колачиња со млеко ќе ви помогне да внесете истовремено и јаглехидрати кои организмот ќе има доволно време да ги преработи во текот на ноќта за да се разбудите свежи и триптофан кој ќе ви овозможи добар сон.

Доколку не сакате млеко, напијте се чај од камилица. Kамилицата се смета за една од најдобрите опции за смирување на нервите. Чајот од камилица освен што ќе направи да подзаборавите на грижите, ќе ви помогне и побрзо да ги затворите очите и да потонете во длабок сон.

Пропуштете ги вечерните вести. И онака нема да слушнете ништо добро. Лошите вести ќе ве вознемират, па тешко ќе можете да заспиете во наредниот час – два.

kako-d-podobar-son (2)

Вежбањето го подобрува вашето здравје и вашиот изглед на многу различни начини, а еден од нив е и тоа што помага подобро и послатко да спиете. Не мора да се истоштувате за да заспиете побрзо. Доволни се 20 минути физичка активност во текот на денот, па ноќе ќе спиете како новороденче.

Сексот го стимулира создавањето на ендорфини во телото. Наместо да се обидувате со часови да заспиете, имајте брз секс со партнерот. Ендорфините ќе ви помогнат да се чувствувате подобро и ќе бидете порелаксирани. Докажано е луѓето кои се редовно интимни со своите партнери имаат пониско ниво на стрес и спијат подобро и поквалитетно.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот