Како да си направите домашен омекнувач за алишта?

0

Со сигурност, покрај прашокот или течниот детергент за перење на алишта, употребувате и омекнувач.

Но, одредени омекнувачи знаат да предизвикаат алергиски реакции, пецкање на кожата, сува кожа подложна кон егземи, други пак, веднаш го губат мирисот, а трети се премногу скапи.

Затоа, одлучивме да споделиме со вас еден едноставен рецепт со кој ќе можете да си направите домашен омекнувач за алишта.

Еве што ви треба:

100 грама сода бикарбона

2дл топла вода

800 милиграми алкохолен или јаболков оцет

20 капки етерично масло

Во зависност од вашите желби, можете да употребите некое од следниве етерични масла: лимон, лаванда, еукалиптус, ментол, роза, ванила…

Начин на подготовка:

Во голем пластичен сад кој собира најмалку 5 литри течност, ставете ја водата, оцетот и содата. Смесата ќе создаде голема пена, затоа најдобро е да го правите омекнувачот во вашата бања и да стоите настрана кога состојките ќе почнат да се пенат.

Кога течноста ќе престане да создава пена, турете ја во поголемо пластично шише и додадете го етеричното масло. Пред секоја употреба, добро протресувајте го шишето. Овој омекнуваш можете да го употребувате и за рачно и за машинско перење на алиштата.

Вашиот омекнувач ќе ги прави алиштата полесни за пеглање, помеки на допир и тие ќе имаат пријатен мирис кој ќе трае сè до следното перење.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот