Како да се вратите во реалноста после летниот одмор?

0

После долгиот летен одмор поминат на некоја убава дестинација, покрај море, со опуштено тело и ум и исклучен телефон, најтешко е враќањето во реалноста, односно моментот кога мора да се вратите во родниот град и на старите обврски.

Како да си го олесните враќањето во реалноста?

Пред да се вратите на работно место завршете ги сите обврски кои ви стојат над глава, а не сте успеале да ги завршите поради работните обврски како на пример, плаќање на сметки, вадење на нова возачка дозвола, систематски преглед на лекар, подновување на домот со детали. Идеално би било кога не би морале да се вратите на работа во понеделник, туку во кој било друг ден од неделата, како почетокот на работа не би ви бил премногу стресен.

14137768_10211039370446646_1710367629_n

Откако полека ќе започнете да се враќате во реалноста постојат уште неколку ситници кои ќе ви помогнат полесно да го прифатите фактот дека повеќе не сте на одмор.

Ставете фотографија од летниот одмор на вашето работно биро

Иако можеби ова ви звучи како малку нелогична идеја, сепак таа делува. Секој пат кога ќе се почувствувате напнато на работа доволен е поглед кон морето и веднаш ќе бидете посмирени.

Договорете дружење со пријателите

Не чекајте ниту минута. Уште денеска договорете ги пријателките за шопинг по намалени цени поради летните распродажби, кафе со најдобрата другарка за да и го раскажете секој детаљ од летниот одмор, вечера со пријателите на вашиот партнер….

Закажете се на масажа

Дозоволете си масажа и максимално опуштете се пред да се вратите на сите обврски што ве чекаат. Одберете некоја ароматична масажа која ќе ви го релаксира и телото и умот. Ако не можете да си дозволите масажа, натерајте го вашиот партнер да ве измасира со етерично масло од лаванда, кокос или ванила.

И се разбира, ако сте во можност, испланирајте викенд надвор од градот и уживајте во уште еден мини-одмор пред самиот крај на летото.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар