Како да се справите со ПМС-от

0

85% од женската популација во светот страда од предменстурален синдром. Иако за него нема универзален лек, постојат начини кои може да ви помогнат полесно да ги пребродите „оние денови од месецот“.

Навики кон треба да се придружувате кога се наоѓате во оваа состојба се пред се намалувањето на внесување солена храна, а зголемен внес на овошје и зеленчук. Познато, нели?

Наместо да лежите, движете се повеќе. Тоа ќе помогне за грчевите и надуеноста.

Земајте повеќе омега три масни киселини, калциум, магнезиум, Б6 и витамин Е. Доколку сте љубител на лековитите билки, тогаш ѓумбирот, листот од малина или кремите на основа на прогестерон може да помогнат.

Исто така длабокото дишење, масажата, медитацијата и јогата можат да бидат од голема корист кога станува збор за променливото расположение.

На крајот, секогаш можете да се консултирате со Вашиот лекар и да појдете во најблиската аптека за да добиете таблети за намалување на болката.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот