Како да се спакувате за одмор, а да не го земете целиот стан со вас

0

Прашање кое ќе реши многу расправии пред одмор. Расправиите најчесто доаѓаат од машката страна( момчето, сопругот, таткото) кој ги пакува куферите во автомобилот.

Секое лето иста приказна.

Сценарио 1 – Сингл луѓе

Доаѓа време за одмор и паника – како да спакувам се што ми е потребно во само еден куфер?

Тука не ги собира сите облеки кои планирам да ги носам. Ако не ги ставам сите, нема да имам што да облечам, а мојата замисла е секој ден различна облека за плажа и за навечер.

Како можам во клубот да носам ист фустан два пати, а на плажа да „скиснам“ во два пара шорцеви.

Никако! Морам да најдам место за се или не тргам.

Сценарио 2 – Семејни луѓе.

Мајката е таа која ги пакува сите по дома. Прво почнува децата да ги пакува и сака се да земе со нив. Децата мораат секој ден да имаат различна облека, ако шетаат по крајбрежјето една облека, за ресторан друга, за лулашки трета. Нема зафрканција тука, стил е во прашање.

Ако пак се нешто поголеми децата, сами ја фрлаат облеката на креветот, а мајката пакува ли пакува, стиска алишта во еден куфер и на крај некако успева да го затвори.

Сопругот обично го пакува таа, ама може да се случи и сам да се спакува, ама тој не е проблем бидејќи неговото пакување трае 5 минути.

На крај, се пакува мајката. Пак се обидува да стисне милион работи во најмалиот куфер, оти тој и останал на неа. Дополнително пакува храна за да има што да се јаде на одмор, бидејќи таму нема продавници. Од тука се купува и се носи се, таму само леб и овошје се купува.

Торбите се множат, таткото почнува да пакува, тензијата расте и почнуваат расправиите.

Па како може само ние вака да се пакуваме, мора ли цела куќа да се пресели, одиме на 10 дена, нема потреба од толку многу облека, ова е одмор не е модна ревија…“

Монологот трае додека не се стави последната торба, се затвора колата и тргаат сите на пат.

Наеднаш, сите се релаксирани – одморот почнал и заборавиле на патувачките маки, се до следното лето или следното патување кога повторно ќе има драма пред пат.

Реално, никој од нас нема потреба од толку облека на одмор. Ниту децата ќе останат голи и боси, ниту родителите.

Потребно е да се спакуваат најнеопходните работи како долна облека, неколку парчиња гардероба и да се земат лекови. Ако не ги облечете новите панаталони или фустан нема да пропадне светот, ќе ги облечете кога ќе се вратите. Одморот трае 10 до 15 дена, летото 3 месеци.

Храна има во секоја земја каде што одите. Супермаркетите не се скапи, така што нема потреба толку многу храна да се носи од дома.

Одморот е за ОДМОР! Запамтете го тоа. Нема потреба од нервози кои и онака ги има многу во текот на годината.

А сега, на пакување и на вистински одмор без грижи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот