Како да се смирите со најдобрата пријателка

0

Во животот сè може да се случи, секоја ситуација има своја позитивна и негативна последица. Една од тие ситуации е караница по ваша вина со најдобрата пријателка. Како да постапите?

Дајте време

Откако ќе помине расправијата оставете време да се смират работите кога и двете страни ќе размислат за случката.

Виновник

Седнете и расчистете со себе кој е крив за ситуацијата. Ако сте вие тогаш ќе мора да се извините и тоа секогаш мора да биде лично. Никако со порака или меил.

Средба

Штом другата страна прифати средба, со мирен тон пробајте да ја објасните вашата вина. Не очекувајте реакција веднаш, дајте време.

Бидете искрени

Секогаш зборувајте од срцето. Само така ќе допрете до другата личност. Не заборавајте дека за сè има решение. На крајот од денот тоа е вашиот најдобар пријател со кој сте поминале многу моменти заедно.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот