Како да се преживее понеделникот?

0

Уште еден понеделник и вечното прашање, како да се преживее првиот работен ден од неделата? Го имаме одговорот, воопшто нема да биде напорно и овој понеделник ќе помине така брзо…

Најнапред, помислете дека поради празниците кои следат оваа недела ќе има само четири работни дена и идниот понеделник е неработен ден. Јупииии! Четири работни дена ќе поминат додека да трепнете.

Потоа, направете си дупла доза од вашето омилено кафе. Турско, еспресо, нескафе, сеедно само да е по ваш вкус и доволно силно за да ве расони, да ве размрда и да ве подготви за денот што следи.

ponedelnik (1)

Додека го пиете кафето, направете си список за сите оние работи кои треба да ги купите оваа недела во пресрет на празниците, фамилијарните собири и пикниците како не би ве фатила паника во последен момент па да мора да ги трпите огромни гужви и долгите редови на каса низ продавниците.

Дозволете си чоколадо. Научно е докажано дека чоколадото ве прави посреќни. Ако веќе сте на диета, тогаш каснете овошје за енергија или направете си вкусно смути.

Денеска опуштете се и не дозволувајте никој и ништо да ве нервира. Колку и да се труди некој д влезе во конфликт со вас, избегнувајте го. Тој нека влезе во конфликт со самиот себе, вие излезете од просторијата.

Понеделникот ќе биде поубав ако се подновите малку. Отидете во шопинг. Се сеќавате дека како деца секогаш за Велигден не облекуваа во нови алишта? Зошто тоа да не биде така и сега? Купете си ја кошулата која долго време ја посакувавте, фустанчето кое ќе може да го носите и на работа и за излегување или пар нови потпетици кои сигурно ќе ве расположат.

ponedelnik

На крајот од денот, излезете на пиво со најдобрата другарка. Да, на пиво, не на кафе. Разговарајте за убави нешта, смејте се на сите оние моменти кога не знаевте која од вас е повеќе поднапиена, сите оние журки кои сте ги доживеале заедно, сите оние случувања кои ве терале да се смеете до солзи…

Кога ќе се вратите дома, заборавете на машината за перење, има ден и утре, има евтина струја и утре… Наместо тоа, направете си топла купка со ароматично масло, облечете ги омилените пижами и уживајте во некоја добра комедија, никогаш здодевните жени од Сексот и Градот или гледајте цртани додека сонот не ве надвладее.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот