Како да се поврзете со четирите елементи на природата

0

Водата ги чисти емоциите, воздухот ја избиструва главата, оганот ги согорува стравовите, земјата ве прочистува целите. Испробајте ги овие едноставни, и многу силни вежби во природа кои ќе ви помогнат.
Да ја почувствувате природата значи да воспоставите духовен контакт со неа. Тогаш почнува процесот на хармонизација на сите нивоа.

Се разбира, најдобар начин да воспоставите духовен контакт со природата е да поминете одредено време во природа. Тоа е најбрз начин да се поврзете со 4 -те елементи, а еве и како.

Земјата чисти се
Одете во природа на место кое го сакате. Легнете на земјата, на стомак, и испружете се. Потоа оставете го во земјата се она што ве тишти, предадете и ги сите проблеми, нервози, лоши искуства и навики. Исфрлете го од системот сето она што ви смета и оставете те го длабоко во земјата. Земјата сето тоа ќе го прими со задоволство и потоа ќе го претвори во плодови.

elementi 1

Водата ги чисти емоциите
Одете на некоја река и седнете покрај неа сами. Смирете се и пробајте да ги исклучите мислите. Слушајте и гледајте ја реката како тече. Визуелизирајте како сите ваши проблеми водата ги носи-стрес, нервоза, лутина и се друго што е собрано во вас пуштете го во реката. Водата ги чисти и ги носи нашите тешки емоции.

elementi 2

Воздухот ја избиструва главата
Качете се на некое брдо. Пронајдете некое свое место и почувствувајте го ветерот. Дишете длабоко, смирете се, опуштете се. Дишете длабоко, вдишете го ветерот. Замислете како ветерот проаѓа низ вас, и како ви проаѓа низ глава. Замислете како ги чисти сите негативни мисли и се она што ве мачи. Ветерот го прочистува вашиот ум, и ја подигнува вашата свест на повисоко ниво.

elementi 3

Оганот ги согорува вашите стравови
Запалите оганче, седнете покрај него и гледај те го, слушајте го. Фокусирајте се на него. Замислете дека пламти во васи ги чисти и согорува сите ваши стравови. Оганот ги чисти сите блокади и ослободува проток на нова енергија. Има моќ да ја трансформира енергијата, од страв во сила.

elementi 4

Кога ќе воспостаите однос со овие 4 елементи и кога го правите тоа кога ќе почувствувате потреба, ќе почнете полека да ја чувствувате природата. И тогаш секоја ваша одлука и потег ќе бидат во склад со повисоко добро.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот