Како да се однесувате ако ве нападне куче

0

На секој човек може да му се случи да биде нападнат од куче. Не е правило, но можноста постои.

Ако ви се случи ваква ситуација еве што треба да направите:

Не паничете

Се верува дека кучињата чувствуваат човечки страв. Без разлика на вашето моментално чувство, останете мирни ако налетате на агресивно куче кое ‘ржи и лае на вас. Ако почнете да викате, да мафтате со рацете или бегате, ќе го провоцирате кучето да почне да ве брка.

Трчањето претворете го во бавно одење

Ако сретнете куче додека трчате, полека намалете го трчањето и претворете во бавно одење свртувајќи се во спротивна насока од него, но со аголот од окото внимавајте на него. Ако стоите со рацете истегнати до вашето тело, кучето ќе изгуби интерес и ќе си замине.

Контакт со очи

Директен контакт со очите може да предизвика агресивно однесување кај веќе разбеснето куче. Тоа може да го интерпретира како закана и да стане причина за напад. Свртете го погледот настрана, тоа ќе биде сигнал дека не претставувате закана за него.

Одземете му го вниманието со друг објект

Се што вие при рака може да ви биде од помош. Дајте му нешто да џвака, како на пример, чевел, шише или ранец ако имате со вас. Тоа ќе му го тргне вниманието од вас, а вие полека заминете.

Дајте му заповед

Ако продолжи да се однесува агресивно, дајте му директна заповед, избегнувајќи контакт со очите – да се тргне и да си замине. Бидете сигурни дека ќе го кажете тоа со моќен, сигурен и заповеднички глас. Најефективните команди се НЕ и НАЗАД со цврст тон.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот