Како да се храните ако вежбате

0

Секогаш треба да се внимава на исхраната во текот на вежбањето. Вежбите кои исцрпуваат бараат внесување на  јаглехидрати, протеини, масти кои се здрави за срцето, но телото бара и многу течности.

Храна за мускулите се јаглехидратите, односно житарки, тестенини, ориз, леб, овошје и зеленчук кои се извор на енергија, но, тука влегуваат и протеините кои ги има во пилешкото месо, јајцата, млечните производи и рибата кои се потребни за да се изградат и одржат мускулите.

Ако сте утрински човек и сте љубител на утринските вежби, треба да знаете дека со  празен стомак можете да правите лесни вежби од типот прошетка и слично, само секогаш пијте по една чаша вода пред да излезете.

Но доколку имате поинтензивни тренинзи, тогаш пробајте да консумирате јаглехидрати кои организмот лесно ќе ги свари.

Во секој случај, вежбањето е препорачлива активност која треба секој да ја практикува, а секогаш е најдобро кога се почнува тоа да биде со совети и насоки од стручни лица и тренери, од едноствана причина да не погрешите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот