Како да се борите со честото воспаление на синусите?

0

Воспалението на синусите е заболување при кое слузницата што ги обложува синусите е отечена, црвена и воспалена. Доколку оваа состојба не се лекува, може да настане блокада на синусите и затворање на отворите кои овозможуваат комуникација со носот, што ќе доведе до заробување на воздухот и мукусот во синусите. Тоа ќе остави можност за развој на микроорганизми и воспалување на ткивото.

Воспалението на синусите може да се јави во форма на акутен, субакутен, хроничен и повторувачки синузитис. Причината за негово јавување најчесто е заради бактериска, вирусна или габична инфекција, иако може да биде и резултат на алергии, назални полипи, девијација на назален септум, инфекција…

За често воспаление на синусите најпрепорачлива варијанта е истрајна инхалација со мешавина од камилица и жалфија. Луѓето кои често се соочуваат со ваква состојба, најдобро е да вклучат мал радијатор или електрично решо и веќе зготвениот чај да го стават во еден врз овие апарати за да испарува во текот на ноќта. На тој начин, во текот на ноќта ќе вдишуваат етерични масла од од овие билки, за кои е познато дека имаат благо дезинфенкционо средство.

Неколку капки масло од лаванда може да се стави во сад со топла вода, да испарува без согорување во просторијата каде се спие или се седи во текот на денот.  Во денешено врем може да се набави и раствор од морска вода во форма на спреј со додаток од бакар, кој посебно помага во проблемот со воспаление синуси и грло.

Но, сепак, ако станува збор за силно воспаление на синусите, сепак најдобро е да се посети матичниот лекар кој ќе знае како понатаму да делува соодветно.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот