Како да се адаптирате на новиот живот со бебе ?

0

Не постои учебник за ова бидејќи првата година од животот на бебето е најтешка, не за него туку за родителите. Ова е правило кога станува збор за прво дете.

Кога младите планираат дете, во ниту еден момент не можат да замислат колку ќе им се промени животот штом тоа дојде на свет. Колку и да го гледаат тоа кај своите пријатели, никогаш нема да знаат до крај се додека не го почувствуваат.

Денот кога ќе се роди е најсреќниот на светот. Бура од емоции, солзи, насмевки и љубов за сите. Возбудливоста кога ќе го донесат дома, првата ноќ кога го гледаат како спие и самите тие не можат да заспијат од возбуда. Чувства за кои не постојат зборови кои можат да ги опишат.

Помошта првите денови е секогаш присутна и добредојдена. Би помагаат околу бањање, на мајката околу доење, и помагаат таа да се нахрани како што треба и многу други актовности карактерични за тој период.

Но, во еден момент се тоа прекинува и вие со партнерот сте сами со бебето. Се менува начинот на спиење, распоредот на активностите кои дотогаш сте ги имале, сега повеќе ги нема.

Нема да имате време за релаксирани кафиња во сабота со пријателите или останување до доцна во ноќта на излегување, бидејќи на светот има нов човек на кој му треба вашето полно внимание. Како што вие ќе се учите на него, така и тоа се учи на вас.

Интимниот живот ќе трпи голема промена. Истиот ќе биде запоставен еден период, но не е страшно, се се издржува.

Бебето ќе има грчеви, нема да има грчеви, ќе плаче вие ќе погодувате што му е…и поминала уште една ноќ со еден до два часа спиење ако имате среќа.

За мајките, ова е периодот кога треба да ги искористат другарките за совети по телефон. Прашувајте за секоја ситница која ќе ви падне на ум. Ако порано сте можеле во детали да прашувате и да раскажувате за момчиња, сега тоа правете го истото само за друга намена.

За татковците, кога ќе ве фати нервоза, единствено што треба да направите е да излезете на една пијачка надвор со другарите и да се вратите релаксирани и подготвени за комплетна поддршка и помош на сопругата.

Првите месеци се најтешки и доколку нема разбирање и меѓусебна поддршка тогаш ќе биде многу тешко. Понекогаш е подобро да се искарате(не пред бебето секако) и да продолжите понатаму, отколу нервозата да ја чувате за себе и тоа да донесе само негативни работи.

banner-newbaby

Важно е да се прават работите и да се адаптирате во чекор со промените. Заборавете на очекувањата оти и онака нема да ги исполните. Плановите оставете ги за некое другот време. Набљудувајте, учете и бидете си поддршка еден на друг оти како што ќе расте детето така ќе растете и созревате вие како родители. И никогаш не се плашете и не отстапувајте од идејата да имате дете бидејќи најубавите работи во животот ве очекуваат во моментот кога ќе го слушнете неговиот првиот плач.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот