Како да раскинете со член на семејството

0

Раскинувањето е тешко само по себе, посебно ако се работи за личност која не е партнер, пријател туку член на семејството. Да, да – член на семејството.

Океј, сите имаме желба да им кажеме на свекрвата, шефот или сопругот да одат по ѓаволите, да ги блокираме на социјaлни мрежи, па дури и на телефон, но колку всушност тоа е честа појава? Бидете искрени – многу ретко. Прво потрeбна е голема храброст и не е воопшто лесно.

60838148ae219cc512d2404cfd88a4a1ea637a53

Џејми Ваксман, автор на книгата How to Break Up With Anyone: Letting Go of Friends, Family, and Everyone In-Between” вели дека жените се подложни на поделба, во смисла на тоа или се жртви или се спасителки. Тоа значи дека тие најчесто се предодредени да ја раскинат семејната врска со некого.

Понекогаш е подобро да се каже ‘збогум’ засекогаш. Така е најдобро. Стресните врски, вклучувајќи ги и оние со роднините, можат да го зголемат ризикот од висок крвен притисок, да го ослабнат имуниот систем, да предизвикаат болки во стомакот, главата, инсомнија, ниска самодоверба, депресија и анскиозност. Така што, да се ослободите од член на семејството кој предизвикува пореметување не само емотивно, туку и физичко, е најдобрата одлука која некогаш може да ја донесете.

12959552ebe18f64649fd71274b5b06f50dcb6ab

Но, секогаш имајте на ум дека оваа одлука треба да биде добро обмислена и никако набрзина донесена. Немојте решението да го базирате на основа на тоа со кого се расправате најмногу. Тоа не значи ништо. Понекогаш со тие со кои постојано сте во конфликт може да се сакате многу повеќе отколку со останатиот дел од фамилијата и токму тие да ви бидат рамо за плачење кога ќе имате потреба. Бидете сигурни дека тоа нема да биде одлука заради која ќе зажалите подоцна во животот.

Поставете си ги следниве прашања:

  • зошто сакате да ја завршите таа конекција;

  • дали односот од секогаш бил таков или е нешто посвежо;

  • кои се позитивните, а кои негативните страни на врската;

  • дали крајот на семејната врска ќе влијае на друг член од фамилијата;

Одговорете си ги сите прашања кои ќе ви дојдат во глава и тогаш направете го следниот чекор. Никако поинаку. Само тогаш ќе бидете сигурни дека не сте погрешиле.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.