Како да процвета вашиот божиќен кактус

0

Растението познато како божиќен кактус ќе снесе радост и свежина во вашиот дом. Ама, само ако процвета.

Ова е едно од најпопуларните растенија во времето кога не постоеле божиќните ѕвезди. Токму затоа многумина го чуваат и денес.

Лесно се „зафаќа“, доволно е да ставите во песоклива земја гранче од кактусот и тоа самото ќе пушти корен. Потешко е да го „натерате“ да пушти цвет. Па како да го направите тоа?

Најпрво, чувајте го во просторија каде што температурата е секогаш над 18 степени.

Бидејќи не е вистински кактус, му треба повеќе влага од обичниот, па затоа залевајте го кога земјата ќе биде сува на допир.

capture

Кога ќе затопли надвор, некаде во доцна пролет, изнесете го надвор, на прозор или на тераса, на место каде што нема многу сонце и редовно полевајте го.

Внесете го назад кон крајот на септември, во студена просторија во домот. Така што ќе го лишите од светлина, ќе му го скусите времето за цветање. Нека мирува тука два месеца пред да го ставите во просторија со топлина и светлина.

Дури и ако ви се исуши, не го фрлајте. За кусо време тоа пак ќе пушти листови. Ете, толку е едноставно.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот