Како да препознаете зависник од дрога во своето дете, пријател, роднина

0

Дрогата своевремено беше дефинирана како чума на 20 век. Во минатото, се сметаше дека алкохолот е најстрашната зависност која што човекот моеже да ја има. Денес, се смета дека дрогата е поголема закана за човештвото, отколку алкохолот.

За да можеме да се бориме против злото на дрогата, потребно е да ги препознаваме промените во однесувањето, да разликуваме обични и нормални промени од симптоми кои укажуваат на употреба на психоактивни супстанци. Мора да признаеме дека не е лесно да препознаеме зависник на улица или пак на друго некое невообичаено место, и најчесто лаичкото препознавање води до етикетирање на погрешни луѓе.

Како последица од консумирање на дрога, кај лицето се јавуваат промени во однесување како  демотивација, депресивни фази, контрадикторни чувства, незаинтересираност. Овие промени се предизвикани и од ефектите на дрогата, но заради од страна на семејството и заедницата.

Чувство на вина, грижа на совест како и страв од казна доведува до тотално исклучување од сите сфери.

Доколку им се посвети  внимание зошто тој начин на однесување, спремни се со саати да се препираат дури и агресивно да ги бранат своите ставови. Пореметување на сонот, како и постојано барање на пари за наводно купување на подароци за пријатели кои родителите не ги ни знаат, а најчесто не ни постојат. Истовремено почнува да се забележува дека пари или некои повредни предмети недостасуваат од домот. Следат расправии во кои зависниците негираат по секоја цена, убедливи се  и готово секогаш од одбрана преминуваат во напад, префрлувајќи ја вината на другите. Оние зависници кои одат на училиште нагло попуштаат во учење, изостануваат од часовите.

Личностите пак, кои се вработени заостануваат на работата, брзо се заморуваат, често прават грешки поради деконцентрација и демотивација за работа. Зависник кој е под дејство на дрога лесно се  препознавање. Впечатливо проширени зеници или максимално стеснети зеници можат да бидат од круцијално значење. Несигурно движење, неконтролирано смеење, неповржано зборување или пак забавено изговарање на зборови, поспан израз на лицето  се индикатори дека личноста се наоѓа под дејство на дрога. Доколку при сите овие индиции се најде дрога или прибор за нејзино користење тогаш со поголема веројатност може да се утврди дека одредена личност конзумира дрога.

Цел живот на зависниците им се сведува на барање на дрога, бидејќи таа единствена може да им пружи задоволство. Семејството, пријателите, здравјето, љубовта се во втор план. Неопходно е да се помогне, без оглед на сите проблеми и потешкотии кои следат, бидејќи на тоа се заснова човечноста во нас.

Подготви: Марија Алексиќ

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.