Како да постапите ако ги изгубите куферите на аеродром?

0

Ваквата немила ситуација може да му се случи на секој. Ако веќе ви се случило, тогаш сигурно сте запознаени што и како треба да правите, но ако не тогаш сигурно ќе ви треба да ги знаете овие неколку постапки кои ќе ви помогнат. Губењето на багажот во најчест број од случаите е кога во текот на патувањето менувате авиони, па вашиот багаж мора да се преместува.

За почеток

Велат дека подобро е да си знаеш предвреме за не дај Боже, затоа информирајте се кои се вашите права во ваква ситуација. Најчесто авиокомпаниите сами проценуваат што ви било неопходно за време на патувањето, па откако ќе размените огромен број мејлови со нив, ќе ви понудат одреден износ.

Значаен чекор

Напишете ги името, презимето, адресата и бројот на телефон на куферот. Купете еден од додатоците што се закачуваат за рачката на куферот (luggage tag) и спакувајте неколку основни работи во рачниот багаж. Чувајте ја налепницата со шифрата на куферот и скенирајте ги кога ќе ја испратите рекламацијата.

Проверка

Чувајте го извештајот што ќе ви го дадат при пријавување на исчезнатиот багаж. На самото место проверете дали добро ги внеле вашите податоци, бидејќи ако згрешиле нешто, нема да си го видите куферот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.